Кривична за тројца тетовци за „убиство во обид“ и за „предизвикување општа опасност“

Од:

Кривична пријава како осмничен дека сторил „убиство во обид“ за Д.А(26) од Тетово  и друга кривична пријава за Е.Ј.(35) и И.И.(39), исто така од Тетово,   како осомничени за „предизвикување општа опасност“ поднесе тетовската полиција откако ги расчити  двата поврзани инциденти што во вторникот на 31 март се случиле во близина на Градскиот стадион, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.                   

Првопријавениот Д.А., појасни Јосифовски, се сомничи од полицијата дека во вторникот околу 19 часот и 40 минути во непосредна близина на градскиот стадион во Тетово  со пиштол „Бул шероке М 5“, калибар 45 милиметри, што  го поседувал со дозвола,  испукал неколку куршуми кон возило „Ауди“  во кое се наоѓал Е.Ј. и уште едно лице, од кои три завршиле во возилото и причиниле оштетувања на истото.

Второпријавениот Е.Ј. и третопријавениот И.И десетина минути пред овој вооружен инцидент на кружниот тек во близина на стадионот во Тетово со возила „Ауди“ и „Фолкваген лупо“ со тетовски таблици го следеле, пресретнале и му го попречиле патот на Ш.А.( 51 ), татко на Д.А., и му причиниле оштетување во предниот дел на неговото возило „БМВ“ но тој успеал да сврти и да се оддалечи од местото.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он