„Декември и се бакнавме“ на Паула Бозалонго добитник на „Мостови на Струга“

Од:

„Декември и се бакнавме“ од шпанската поетеса Паула Бозалонго е годинашен добитник на наградата за дебитантска книга за млад светски автор „Мостови на Струга“ што ја доделуваат фестивалот Струшки вечери на поезијата и УНИЕСКО.

Одлуката денеска на прес-конференција во Скопје ја соопштија директорот на Струшките вечери на поезијата Мите Стефоски и претседателот на Управниот одбор Славе Ѓорѓо Димоски.

Книгата, според Стефоски, низ 26-те песни поделени во два дела донесува поетски јазик од кој зрачи особен сензибилитет, необременет од некаква вратоломна реторика, екпериментален или метафоричен израз.

– Тоа е поезија која носи рефлексии на извесни несигурности и стравови, неодлучности во потрагата по блискост. Тоа ни најмалку не е некаква старомодна сентименталност, туку одухотворен израз на интимноста кој носи искреност изразена на еден особен начин, полна со евокативни слики натопени дури и со влијанијата на архитектурата, истакна Стефоски.

Оваа поезија, додаде, извира од вербата во трансформирачката моќ на емоциите кои ги натопуваат поетските слики во тежнение да ја откријат повторно и да ја изменат внатрешната логика на времето и просторот.

Песните на Бозалонго, како што е наведено во образложението на Управниот одбор, изненадуваат со својата конкретност и посредност.

– Таа користи еден свеж, комуникативен поетски јазик, кој лесно воспоставува контакт и со публиката и со критиката и не случајно нејзината прва книга е во врвтот на листите на најпродавани во Шпанија. Низ загуснат емоциопнален интензитет го транспонира својот интимен свет низ конкретни и јасни слики, заклучи Димоски.

Книга „Декември и се бакнавме“ е добитник на престижната награда на едицијата „Хиперион“ во Шпанија, која 30 години се доделува за поетски ракопис од млад автор. Нејзините песни се објавени во значајни книжеви списанија во светот.

Наградата „Мостови на Струга“ за која годинава беа пријавени 14 книги, во изминатите години се избори за високо место меѓу поетските награди на светско ниво.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска