Кривични за двајца охриѓани за злоупотреба на службена положба

Од:

Секторот за внатрешни работи  – Охрид поднесе кривични пријави против две лица од Охрид, поради постоење основи за сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Првопријавениот во својство на директор на ЈП „Нискоградба“-Охрид, стои во соопштението од СВР-Охрид, со неизвршување на својата службена должност,  без   склучен писмен договор за изведување на водоводни линии или инсталации, без   добиена потребна документација и без извршен надзор  од порачувачот МЈП „Проаква“ Струга РЕ „Водовод“Охрид, одобрил ЈП„Нискоградба “-Охрид како изведувач, во 2011 година во Охрид да започне и за потребите на порачувачот да изведе реконструкција на гравитациона водоводна линија Ф 450 од бензинска пумпа „Макпетрол“ до каптажа „Бејбунар“.

Второпријавениот во својство на службено лице раководител во Одделението за комунален развој во Општина Охрид, со неизвршување на својата службена должност, без да прибави потребна градежна и правна документација – проекти, одлуки, пресметки и друга неопходна документација, на 16 јули 2011 година изготвил, потпишал, заверил и до ЈП „Нискоградба“ доставил налог за работа за реконструкција на истата водоводна линија на потег „Бејбунар“. Тоа го направил иако знаел дека работните ангажмани на истата линија од ЈП „Нискоградба“ веќе биле  започнати предходно пред три и пол месеци, без склучен писмен договор помеѓу порачателот и изведувачот.

На тој начин пријавените му нанеле значителна штета на ЈП „Нискоградба“ кое реконструирало – изградило гравитациона линија за која од 2011 година  од  ЈП „Проаква“ и од Општина Охрид  не можела да го наплати својот работен ангажман и вграден материјал во износ од 11.323.836 денари. Штетата по јавното претпријатие се согледува и од дополнителното водење на судски спорови и трошоци за наплата на овај износ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

Приведени полицајци во врска со пожарот во „Пулс“ во Кочани

А1он

Обновување на форензички софтвер, нема набавка на „софтвер за шпионажа“, реагира МВР

Катерина Ѓуровски

СДСМ: МВРО-ДПМНЕ на старите патеки, МВР набавува сомнителен софтвер за прислушкување

Малолетници избоделе жител на Студеничани, со тешки повреди сместен во болница

Катерина Ѓуровски

СДСМ достави документи до ДКСК: Бара постапка за тендерот во МВР