Ердоганова Турција

Од:

Тудејс Заман – Истанбул

Во изминатите неколку години, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган стана фокус на илјадници новински текстови и колумни. Се разбира, Ердоган во насловите не е ништо ново.

Во првите години од владеењето на Партијата на правдата и развојот (АКП) тој редовно беше во насловите: фален заради неговите прогресивни политики, обележан како реформатор, човек со мисија да ја трансформира Турција во модерна и демократска држава. Денес таа слика е сосема различна. Неговиот меѓународен углед и кредибилитет паднаа на најниско ново досега.

Денес Ердоган не се гледа како реформатор и демократ. Повеќето од текстовите за него се поврзани со неговото се побизарно однесување и честите непредвидливи коментари. Тој се повеќе станува поларизаторски лик кој скоро секојдневно користи радикална антизападна реторика, често мешајќи националистичи слогани со неговата лична исламистичка идеологија.

Се почесто споредуван како султан, Ердоган изгради култ на личност. Во јуни 2013, за време на антивладините протести во паркот Гези, многу од неговите поддржувачи носеа маски, маици и шамии со ликот на Ердоган. По скоро 15 години на власт, неговото его го проби плафонот. Тој направи наголема претседателска палата на светот, која ги чини турските даночни обврзници фантастични 615 милиони долари. Четири пати е поголема од париски Версај, домот на екстравагантниот Луј Шеснаесети од Франција, палата која има скоро илјада соби.

Иако Турција никогаш не била полнокрвна демократија, земјата со текот на ремето почна да пушта кревки демократски корени кои сега се искоренети. Под демократијата „ала Ердоган“, единстеното што е важно се изборните кутии. Ако сте избран на слободни и фер избори, тогаш тоа ви дава за право да владеете како сакате, а уште повеќе ако сте избран со мнозинство. Денес Турција често се етикетира како „нелиберална демократија“, земја која ита кон уште поголема авторитарност. Владеењето на правото, граѓанските слободи и слободите воопшто, се збришани. И покрај продолжувањето на негирањата од владата дека ова не е вистина, фактите се тука. Извештаите од бројни меѓународни организации и НВО-а го потенцираат тој факт.

Амнести интернешенел, 27 март: „Турција: Драконски реформи и даваат на полицијата поголеми овластувања да спречуваат јавен непокор. Турскиот парламент направи некои од најлошите злоупотреби по изненадувачките постигнувања на земјата во корист на полицијата и ефикасно ги спроведе во закон“.

Европскиот парламент, резолуција од 14 јануари: „Ја изразуваме нашата загриженост од уназадувањето на демократските реформи, а посебно заради исчезнатата толеранција на владата кон јавните протести и критичките медиуми; во тој којнтекст се забележува дека апсењата од 14 декември 2014 година, станаа дел од неизбежната матрица на зголемен притисок и рестрикици врз печатот и медиумите, вклучувајќи ги и социјалните медиуми на интернет и слично; се забележува дека забраната на веб страни во Турција е непропорцијална; се апсат бројни новинари во предсудски притвор, жестоко се казнуваат и се повикуваат турските судски власти да ги разгледаат и донесат пресуди за овие случаи што е можно побрзо“.

Советот на Европа: Комесарот за човекови права на СЕ, Нилс Муижниекс, изрази „длабока загриженост“ заради предлог законот за безбедност со кој на полицијата и се даваат пошироки овластувања, и го повика турските парламент да прерагзледа повеќе од членовите во тој закон.

Парламентарната асамблеја на Советот на Европа, јануари: ПАСЕ усвои извештај кој се фокусира на влошената ситуација за новинарите и независните медиуми во Турција.

Транспаренси интернешенел, јануари: „Со гласањето не на предлогот за укинување на пратеничкиот имунитет со кој ќе се оневозожат незавинси судски истраги по обвинувања за корупција, турските политичари испратија погрешна порака до обвинителите, борците против корупцијата и турската јавност во врска со одговорноста и владеењето на правото“. „Во 2014, сликите за златните прачки и милиони долари напикани во кутии за чевли, заедно со инкриминирачки видео снимки, истерувања или оставки на владини министри, многукратни апсења и што е најтажно, многу самоубиства, се доминантни на листата на приказни годинава во која е вклучена ендемска корупција на највисоко ниво во турските бизнис кругови и кај владата“, рече Ен Кох, регионален директор на ТИ за Европа и Централна Азија.

Ердогановата Турција ита во многу погрешен правец. Негова цел е Турција да има претседателски систем на владеење, со што ќе ми се овозможи апсолутна моќ. Се зависи од исходот на парламентарните избори на 7 јуни, кои можат да бидат зрак на надеж за враќањето на Турција на патеката на демократијата, или пак да биде вшмукана уште повеќе во вртлогот на авторитаризам кој се повеќе ја дави.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ