Кривична пријава за кумановец за злоупотреба на безвизниот режим

Од:

СВР-Битола во Основното јавно обвинителство-Битола поднесе кривична пријава против   Р.Д.Б.(47) од Куманово, затвореник во КПД Идризово, заради постоење основи на сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на Европската унија и Шенгенскиот договор“.

Пријавениот Р.Д.Б. пред околу две години пренел шест лица од едно семејство од Битола во СР Германија, земја членка на Европската унија и Шенгенскиот договор, заради стекнување на социјални и економски права, спротивно на правото на Европската унија, на прописите на државите членки на Европската унија и Шенгенскиот договор и на меѓународото право.

Споменатите лица пријавениот ги пренел во СР Германија за сума од 104.550 денари, информираат од СВР-Битола. 

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он