Американскиот претседател Барак Обама ги повика победникот и поразениот од претседателските избори во Нигерија да работат заедно на обединување на земјата, пренесоа американските медиуми.
Обама одделно зборуваше со новоизбраниот претседател Мухамаду Бухари и со неговиот претходник, кој ги загуби изборите, Гудлак Џонатан.
Обама го пофалил Џонатан за тоа што народот и земјата ги ставил на прво место, повикувајќи ги неговите приврзаници да го прифатат резултатот од изборите, посочи Белата куќа.
Во разговорот со Бухари, пак, американскиот претседател му заблагодарил на новоизбраниот нигериски колега за тоа што го поттикнувал мирот и мирното гласање.
Обама ги потенцира предизвиците што се наоѓаат пред Нигерија, вклучувајќи ја и заканата од екстремистичката група Боко Харам и вети дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат земјата.