Косовските Срби бараат поништување на договорите на претходната влада со Приштина

Од:

Србите од северниот дел на Косово поднесоа барање до Уставниот суд на Србија за прогласување за незаконски на договорите што претходната српска Влада ги постигна со Приштина, изјави градоначалникот на општина Звечан Драгиша Миловиќ.

– Испративме барање до Уставниот суд да оцени дали активностите на поранешниот шеф на српската делегација во преговорите со Приштина Борислав Стефановиќ и потпишаните од негова страна договори со косовските власти се во согласност со Уставот, истакна Миловиќ, додавајќи дека тие се насочени против интересите на косовските Срби.

Тој нагласи дека сегашните власти во земјата досега не можеле да изработат заедничка платформа за планираните преговори на високо ниво со Приштина и често Парламентот, претседателот и премиерот на Србија имаат дијаметрално спротивни ставови за овој проблем.

– Ние очекуваме платформата да биде соопштена за 10 дена. Потоа ние ќе ја определиме нашата позиција по ова прашање, истакна градоначалникот на Звечан.

Според него, објавената девиза од страна на српската Влада „и Европа и Косово“ никогаш нема да се оствари.

Миловиќ смета дека само благодарение на решителните дејствија на Русија и на локалните Срби, косовското прашање се уште не е конечно затворено.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица