(ВИДЕО) Американец смислил оригинален начин за вадење на млечен заб

Од:

Американскиот професионален борач Роберт Аберкромби, познат како „Отровниот Роб“, покажа дека покрај боречки има и стоматолошки вештини, а видео од таа негова „способност“ за кусо време стана интенет хит.

Имено, „Отровниот Роб“ решил да му помогне на неговиот осумгодишен син да го извади млечниот заб што се нишал, на единствен и оригинален начин.

Како што јави „Скај Њуз“, едниот крај од јажето Роб го врзал за забот, а другиот за неговиот „Шевролет Камаро“, по што нагазил на гаста на автомобилот. Планот се покажал успешен.

– Падна, изјава неговиот син, а како доказ пред камерата ја покажа дупката во неговата насмевка.

Таткото изјави дека не очекувал оти видеото ќе биде толку популарно, но призна дека помалку и стравувал додека ја притискал гаста.

– Не сакав да летнат камчиња што ќе го удрат по лицето, призна искрено „Отровниот Роб“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ