Вооружени напаѓачи упаднале во седиштето на партијата на Ердоган

Од:

Во Турција повторно се случува нова драма, откако двајца вооружени мажи упаднаа денеска во Истанбул во седиштето на Партијата на развојот и правдата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Еден од мажите искршил стакло на највисокиот кат од зградата и го закачил турското знаме. Мажите им наредиле на луѓето во зградата да го напуштат објектот.

Тие набрзо се уапсени, а засега нема информации за евентуални жртви.

Ова е трет инцидент во изминатите два дена во Турција. Вчера изутрината речиси целата земја остана без електрична енергија, а потоа вооружени левичарски активисти упаднаа во зградата на истанбулската суднуца и за заложник го зедоа обвинителот Мехмет Селим Кираза.

По неколкучасовните преговори, киднаперите смртно го раниле обвинителот, кој починал во болница. Киднаперите ги убила полицијата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ