Притвор за скопјанец осомничен за криумчарење мигранти

Од:

Регионалниот центар за Граница Југ поднесе кривична пријава против Б.Д.(57) од Скопје, осомничен за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

На патниот правец Гевгелија-Скопје, во близина на Неготино, вчера е извршена контрола на комбе „форд транзит“ сопственост и управувано од Б.Д., при што во возилото се пронајдени 12 илегални мигранти од Авганистан.

Како што денеска соопшти МВР, од страна на судија во претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, а странските државјани се сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје. 

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он