Кривична пријава за две лица за измама од 50 илјади евра

Од:

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против С.Р. (27) управител и сосптвеник на скопската фирма „Хардекс Трејд“ и лицето А.А. (42) под сомнение дека сториле кривично дело „измама“, „фалсификување или уништување на деловни книги“ и „соизвршителство“.

Како што информираат од Финансиската полиција, првопријавената С.Р. во својство на сопственик и управител на правното лице Друштвото за трговија и услуги „Хардекс Трејд“ ДООЕЛ Скопје заедно со второпријавениот А.А., свесно и со намера да се стекнат со противправна имотна корист во текот на 2011 година за даночниот период од 1 јануари 2011 до 31 март 2011 година, изготвиле и употребиле ДДВ пријава во која прикажале невистинити податоци за влезниот промет, односно, во истата евидентирале измислени влезни фактури за наводно извршени набавки на стоки и услуги без да постои реален должничко доверителски однос и соодветна документација за истиот. Пријавените лица со поднесување фалсификуваната ДДВ пријава ги измамиле, односно ги довеле во заблуда службените лица на УЈП при што противзаконски и неосновано успеале да извршат поврат на ДДВ во износ од 50.000 евра за кој износ го оштетиле Буџетот на Република Македонија.

Веднаш откако парите пристигнале на сметката на правното лице, второпријавениот А.А. ги извадил сите средства во кеш и ги поделил со другите учесници во криминалот, кои понатаму ги користеле за свои лични потреби.

Двете пријавени лица се изведени пред надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Скопје.

Би можело да ве интересира

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи

МВР: Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Битолчанец платил 22.500 евра за да му се вработи синот во МВР

(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

Приведени полицајци во врска со пожарот во „Пулс“ во Кочани

А1он

Обновување на форензички софтвер, нема набавка на „софтвер за шпионажа“, реагира МВР

Катерина Ѓуровски