Филе: БиХ може да ги спроведе реформите, тоа е исклучиво прашање на политичката волја

Од:

Босна и Херцеговина сигурно може да ги спроведе реформите кои од неа ги бара Европската унија и тоа е исклучиво прашање на политичката волја, оцени еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Штефан Филе притоа додаде дека е жално што досега во Босна и Херцеговина не е постигнат договор, ниту за уставните измени, ниту за изборниот закони, неопходни за елиминирање на дискриминацијата на припадниците на националните малцинства во изборниот процес.

„Граѓаните на БиХ ќе трпат последици поради доцнењето во европските интеграции и пропуштените можности за приближувањето на другите Европејци”, изјави комесарот за проширување на Европската унија во интервју за весникот Независне новине.

Филе истакнува дека во Брисел и натаму очекуваат до политичките лидери во БиХ да ги исполнат своите обврски коишто доброволно ги преземаа врз себе, а Унијата на тој план ќе им помогне, вклучително и со финансиска поддршка.

Филе во интервјуто потврдува дека интеграцијата на западниот Балкан во ЕУ и натаму останува приоритетно прашање, притоа истакнувајќи дека моменталните тешкотии во ЕУ не траба никого да обесхрабруваат на патот на евроинтеграциите, бидејќи Унијата од сегашната криза ќе излезе посилна отколку што беше.

Еврокомесарот за проширување додава дека критериумите за членство во ЕУ остануваат исти за сите кандидати, појаснувајќи дека единствената промена се состои во правосудството, како и владеењето на законите, слободата и безбедноста.

„Тоа го воведовме како резултат од урокот што го научивме од претходните проширувања. Овие две области, на некој начин, се посебни поради што е потребен и доказ за исполнување на обврските, и тоа суштински важно за затворањето на преговорите”, вели Филе.

Појаснува дека овој нов пристап во методологијата на водењето на пристапните преговори прво ќе биде применет за Црна Гора, а потоа и за другите земји кандидати за членство во Европската унија.

Новиот пристап во преговорите на Европската комисија и’ дава можноста да предложува мерки за коригирање, па и привремено запирање на преговорите во други области додека не се исполнат стандардите и критериумите во сферата на правосудството и владеењето на законите, објасни еврокомесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија