Штрајк на транспортните синдикати блокира голем дел од Аргентина

Од:

Голем 24-часовен транспортен штрајк со барање за зголемување на минималниот праг на приходи ослободени од данок вчера блокира повеќе делови на Аргентина, јави ДПА.

Автобуси, градски и меѓуградски возови го прекинаа движењето, а демонстрантите на неколку часа ги блокираа главните улици во Буенос Аирес. Банките беа затворени, а судовите работеа делумно. Собирањето на комунален отпад, исто така, беше одложено за еден ден.

Надвор од главниот град штрајкот ги зафати и другите големи градови, како Кордоба, Росарио и Мендоса.

Синдикатите на транспортните работници протестираат против големите даноци и високата инфлација. Синдикатите претставуваат 30 до 40 проценти од вкупно 11 милиони регистрирани работници во Аргентина.

Сите авионски летови на внатрешни линии беа откажани, а неколку меѓународни летови до Буенос Аирес беа пренасочени кон Монтевидео, главниот град на соседен Уругвај.

Би можело да ве интересира

Исекоа шума во Аргентина, папагалите се спуштија во градот, гризат кабли, ги излудуваат луѓето

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Бизарна ситуација на Олимписките игри: По два часа ВАР го поништи голот на Аргентина, Мароко победи

Аргентина ја освои Копа Америка – Финалето беше одложено речиси час и половина поради нереди

(ВИДЕО) Камења, солзавци и водени топови-голема пресметка во Аргентина поради реформите на претседателот Милеј