Јилмаз: Во мај почнува обуката за сириските бунтовници

Од:

Турскиот министер за одбрана Исмет Јилмаз изјави денеска дека турско-американската програма за обука и вооружување на сириските бунтовници, кои се борат против Исламска држава, може да почне во мај.

Јилмаз изјави дека двете страни се уште водат преговори за војниците кои ќе бидат избрани за учество во програмата.

Турција и САД постигнаа договор за обука и вооружување на бунтовниците во февруари по неколкумесечни преговори.

Претходно беше соопштено дека обуката ќе почне во март. Јилмаз додаде дека Турција го поддржува британското учество во програмата како набљудувачи или како лица кои ќе вршат обука.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ