(ВИДЕО) СДСМ поднесе кривична пријава против Груевски за криминалот на Водно

Од:

Денеска до Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција поднесовме Кривична пријава против Никола Груевски, Миле Јанакиески, Коце Трајановски и други лица кои се директно инволвирани во криминални и коруптивни дејства, во врска со парцелите на Водно, рече Дамјан Манчевски.

Кривичните дела за коишто е поднесена приjавата се злосторничко здружување, перење пари и злоупотреба на службена положба и овластување.

Како доказен материјал кон Кривичната пријава, покрај аудио снимките презентирани во јавноста, доставуваме и детална документација. Од документацијата произлегува дека Груевски и неговите соработници смислено ги откупиле парцелите, по драстично пониски цени од пазарните. Потоа по налог на самиот Груевски се прават измени на Генералниот урбанистички план и Деталниот урбанистички план.

Со сите преземени дејствија, Груевски и соработниците се стекнале со противправна имотна корист од 17.000.000 евра.

За купувањето на овие парцели, се користени пари што потекнуваат од извршени казниви дела. За трансферот на овие средства се користени странски правни лица основани во земји каде што е дозволиво основачите да се анонимни за јавноста, а кои во Република Македонија основале трговски друштва со висок основачки капитал во кеш.

Јавните обвинители се должни да постапат по Устав и закон. Тие се должни се како доказ во постапката да ги искористат јавно презентираните снимки, за што постои и пракса на европскиот суд во Стразбур, на којашто е укажано во пријавата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците