Над 25 проценти од Србите живеат на работ на сиромаштија

Од:

Податоците на српскиот Републички завод за статистика покажуваат дека во 2014 година дури 25,6 проценти од граѓаните на Србија живееле на работ на сиромаштија, објави белградскиот весник „Политика“.

Процентот на српски граѓани кои лани биле изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклучивост изнесувал 43,2 отсто. Најизложени на ризик од сиромаштија се лицата на возраст до 18 години – 29,6 проценти, додека „најбезбедни“ од сиромаштијата се српските граѓани постари од 65 години – 20,7 отсто.

Најзагрозени да западнат во сирмошатија се семејствата што се состојат од две возрасни лица и три или повеќе деца (35,2 проценти). Меѓу поединците постари од 18 години, најзагрозени од сиромаштија се невработенити со 47,1 отсто, пред самовработените лица со 38,4 проценти, пензинерите со 13 отсто и лицата вработени кај работодавец со само 8,6 проценти.

Податоците се изведени од анкета на српскиот Завод за статиситка, со која биле опфатени 6.055 домаќинства и 16.220 лица на возраст од над 16 години.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ