Австриски суд ќе разгледа на 19 мај обвиненија против 14-годишно момче кое сакало да биде џихадист. Тинејџерот со турско потекло, е осомничен дека сакал да активира бомба во виенска железничка станица.
Обвинетиот беше уапсен во октомври лани во училиштето во градот Санкт Полтен. Тој призна дека се обидел да направи бомба и да ја активира на железничка станица во Виена. Сакал и да замине за Сирија за да се бори на страната на Исламска држава.
Поради возраста беше ослободен две недели по апсењето и во јануари одново приведен.