Град Скопје: Цар Самоил ќе се сели, но сечењето на дрвјата е коинциденција

Од:

Од Град Скопје потврдуваат дека ќе се дослоцира споменикот на Цар Самоил неколку метри поназад на улица Македонија, но велат дека тоа не е причината утринава да се исечат повеќедецениските костени кои повеќе ги нема пред кафеаната „Пелистер“.

Од таму посочуваат дека станува збор за коинциденција тоа што дрвјата се исечени во ист ден кога зад нив се врши ископување за новата местоположба на споменикот.

„Споменикот на Цар Самоил се дислоцира поради реализација на ДУП и реконструкција на градскиот плоштад. Сечењето на двете стебла и дислокацијата на споменикот немаат никаква меѓусебна врска.

– Експертизата за состојбата на стеблата е извршена пред неколку месеци и врз основа на тоа е донесено решение за сечење. Едноставно се работи за коинциденција при изведбата на повеќе комунални и урбанистички активности на Град Скопје во исто време“, велат за А1он од Град Скопје.

Веќе исечените дрвја беа едни од најстарите на улица Македонија.

Нивните богати крошни на пролет и преку лето формираа дебела сенка над клупите каде граѓаните се засолнуваа од сонцето.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он