Стихозбирката „Другиот ангел“ од Братислав Ташковски ја објави издавачката куќа „Панили“ од Скопје.
Во својата најнова книга поетот ги испејува реминсцентните мигови и значења на постоењето и поетската битка во виртуелниот англески свет.
Ташковски е автор на 15 поетски книги, четири романи, четири драми, и една книга есеи. Избори од неговата поезија се објавени на англиски, албански и бугарски јазик. Ги добил наградите: „Студентски збор“, „Млад борец“, „Браќа Миладиновци“, „Рациново признание“ и „Ацо Шопов“.