Москва не може да дозволи ситуацијата во Јемен да прерасне во отворен конфликт меѓу Арапите и Иран, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, јави ТАСС.
– Не смее да се дозволи се да деградира до сунитско-шиитска конфронтација. Ние предупредивме за сериозната опасност од таков раскол во исламот од самиот почеток на „Арапската пролет“, но или не не слушаа или не сакаа да го земат во предвид нашето предупредување. Не можеме да дозволиме оваа ситуација да прерасне во обид за создавање отворен конфликт меѓу Арапите и Иран, изјави Лавров.
Непријателските страни во Јемен треба да ги обноват преговорите на неутрална територија, изјави истакна рускиот министер.
Групата „Ансар Алах“ треба да ги прекине вооружените дејствија во Јужен Јемен, коалицијата треба да ги прекине нападите на територија на Јемен и двете страни на претседателот Хади и на хусите треба да ги обноват преговорите, нагласи Лавров.