ФОТО: Искасапија дрвја на плоштад за да му се направи место на Цар Самоил?

Од:

На улица „Македонија“ утринава се изврши сеча на две повеќедецениски дрвја со богати крошни. Стеблата се наоѓаа пред кафеаната „Пелистер“, непосредно до плоштад „Македонија“. Позади нив, пак, деновиве се врши ископување каде што најверојано ќе се пресели споменикот на Цар Самоил, според неофицијални информации.

IMG_20150331_111326

Од Град Скопје велат дека дрвјата се исечени затоа што биле стари и заболени, но пред само една сезона тие имаа богати и зелени крошни. Позади искасапените дрвја, пак, дупката ја копаат работници на фирмата „Трансмет“ која го изедува реновирањето на плоштадот. Се наметнува заклучок дека дрвјата се исечени за да го отворат видикот кон новата местоположба на споменикот на Цар Самоил.

IMG_20150331_110753

„A1ON“ чека одговор од Град Скопје дали споменикот навистина ќе се дислоцира неколку метри поназад и зошто се врши преместување.

IMG_20150331_111347

Утринава од градските служби веќе им одговорија на граѓани кои реагираа на сечата. Од твитер профилот на Градот рекоа:

„Станува збор за сечење на 2 костени, бидејќи стеблата биле заболени и во фаза на сушење“, одговорија од таму.

IMG_20150331_110747

Неодамна снимени фотографии, пак, покажуваат дека стеблата воопшто не биле во фаза на сушење. Еден твитер корисник на шега предлага на нивно место да се постави нов споменик, но изгледа шегата не е далеку од вистината.

35_big

„И мене лично ми сметаа дрвата. Дали може да никне уште еден споменик, на општо народна радост?“

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство

Син уби татко во Скопје

А1он