Лажна закана за бомба во турски авион

Од:

Претставништвото на авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ во Белгад соопшти дека истрагата утврдиле дека заканата со бомба во авионот на летот Истанбул- Сао Паоло, била лажна.

Како што пренесуваат турските медиуми, авионот „Боинг 777“ во кој имало 256 патници, морал вонредно да слета на аеродром во Казабланка, во Мароко поради информација за бомба.

Во авионот на летот ТК 15 била прогласена узбуна, откако во тоалетот била пронајдена хартија на која бил напишан зборот „бомба“, пренесе „Ројтерс“.

-Нашите патници повторно ќе влезат во авионот и летот кон Сао Паоло ќе продолжи откако ќе завршат процедурите за чистење и дотур на гориво. Освен тоа неопходните дозволи за продолжување на летот ќе бидат доставени на време- изјави претставништвото на турската компанија во Белград.

Инаку ова е втор инцидент од овој вид, откако авион на истата компанија кој сообраќал кон Токио, е вратен во Истанбул, исто така поради закана за наводно поставена бомба.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ