Во прекин сообраќајот Прилеп-Битола-Ресен поради голем одрон

Од:

Поради поголем одрон, сообраќајот на патниот правец  А3 Прилеп – Битола – Ресен, на обиколница Битола, на 100 метри пред тунелот е привремено  во прекин. Сообраќајот се пренасочува низ Битола. На самото место поставена е соодветна сигнализација.

Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ работат на расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот.

Според информациите од ЈП „Македонија пат“, сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.

На регионалниот пат Валандово – село Удово, поради обилни врнежи од дожд и надоаѓање на поголема количина на вода и наноси од песок и камења на коловозната лента, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента се до целосно санирање на состојбата.

На регионалниот пат Гевгелија – локалитет “Смрдлива вода” во м.в. “Длабок дол”, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лентa поради појава на свлечиште.

Во општина Крива Паланка непрооден е патниот правец село Дурачка река – село Дренак во должина од 7 километри.

Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Трaботивиште – Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на река Брегалница.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози