Првиот тенисер на светот, Швајцарецот Роџер Федерер изјави дека заканите упатени преку интернет влијаеле на неговите подготовки пред турнирот во Шангај.
Сепак без оглед на нив, Федерер констатираше дека е фокусиран на играта.
Тој на конференцијата за новинари на првиот ден на турнирот изјави дека подготовките за ова првенство течат надвор од вообичаено.
„Очигледно е дека ситуацијата е вознемирувачка, но мораме да бидеме свесни за она што се случува околу нас“ рече Федерер.
Швајцарецот додаде дека се чувствува сигурно во Кина и им заблагодари на кинеските власти.
„На 6-ти октомври планирам да го убијам Федерер со цел да го уништам тенисот“, вели пораката на анонимниот блогер на популарниот кинески сајт baidu.com.
Кинеската полиција ги зајакна мерките за безбедност за време на тенискиот турнир во Шангај и покрена истрага во врска со заканите.