Сиса Абу Даох (64) од Египет, 40 години се преправала дека е маж, за да си обезбеди работа, односно егзистенција за своето семејство.
Поради таа жртва, сега четири децении подицна таа добила одликување од Управата за социјална солидарност Луксор.
Според наводите Даох на возраст од 21 година станала вдовица, а во меѓувреме била и бремена. Откако се породила, била принудена да работи но во Египет во тоа време жените не смееле да работат, па таа била принудена да се облекува како маж и да работи како надничар.
-Попрво избирам да кревам тешки предмети и да чистам обувки отколку да питачам на улица. За да се заштитам од мажите одлучив да станам како нив. Работев исклучиво во други села за да не ме препознаат – изјавила таа.
Како што пренесуваат медиумите и сега откако ја открила својата тајна, таа не престанала да чисти чевли на улица за како што вели пристојна дневница.
Е.Г.