Црногорската полиција, изминативе две недели запленила повеќе од килограм хероин со вредност од 60.000 евра, за кој постои сомневање дека бил наменет за улична продажба.
Групата за сузбивање на дрога во Беране, Бело Поле и Пљевља, пред два дена уапсила тројца државјани на Србија, при што одзела 450 грама хероин чија вредност изнесува 25.000 евра, соопшти црногорската полиција.
Според наводите на медиумите против осомничените лица од Сремска Митровица е поднесена кривична пријава поради сомнеж дека сториле кривично дело, неовластено производство, поседување и ставање во промет на дрога.
Е.Г.