Египет: Лидерот и 17 членови на „Муслиманско братство“ ставени на списокот на терористи

Од:

Главниот обвинител на Египет на списокот на терористи ги вклучи лидерот на „Муслиманско братство„ и уште 17 високо позиционирани членови на движењето, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на државната агенција МЕНА.

Египет веќе го стави „Муслимансмо братсво“’ на списокот на терористички организации и во затвор испрати илјадници приврзаници на движењето, откако армијата во јули 2013 година од власт го собори претседателот-исламист Мохамед Морси.

Лидерот на „Муслиманско братство“, Мохамед Бадија, и вториот човек на организацијата, Хајрат аш Шатер, се ставени на списокот, заедно со други членови на движењето, информира државната агенција МЕНА.

Чекорот  на главниот обвинител, Хишам Баракат, е прва конкретна примена на законот за терористички организации, што беше донесен годинава, а кој од властите бара да ги идентификуваат и на списокот да ги стават терористите и терористички единици.

Повеќето членови на раководството на „Муслиманско братство“ се уапсени и тие веќе добија долгогодишни затворски казни или се осудени на смрт.Бадија веќе доби неколку смртни казни, а Шатер – доживотен затвор.

Владата го обвинува „Муслиманско братство“ за напади врз силите за безбедност, во кои беа убиени стотици полицајци и војници по отстранувањето на Морси од власта.

„Муслиманско братство“ тврди дека не стои зад нападите и  дека се бори за политичка промена на власта со мирни средства. 

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро