Кривични пријави против деветмина за криумчарење мигранти

Од:

Министерството за внатрешни работи во текот на изминатите неколку дена реализираше седум одвоени случаи на криумчарење мигранти при што до надлежното ОЈО поднесени се кривични пријави против деветмина македонски државјани.

Како што соопшти МВР, за осум од страна на судија на претходна постапка е одредена мерка притвор – за шест лица во траење од по осум дена, за едно лице во траење од 30 дена и за едно лице одредена е мерка претпазливост.

Во рамки на реализацијата на овие случаи откриени се 43 илегални мигранти од кои 40 од Сирија, еден од Авганистан и двајца од Пакистан кои се сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје.

Во првиот случај кривично е пријавен А.А.(17) од Сопиште, скопско, кој е спречен во обид со товарно моторно возило марка „мерцедес“ со скопски регистарски таблички да прокриумчари 18 сириски државјани, меѓу кои седум деца на возраст од седум години до тринаесет месеци.

– Од страна на УПС од БПСА Демир Капија на патниот правец Гевгелија-Скопје кај тунелите кај Демир Капија забележано е товарно моторно возило чиј возач, пријавениот А.А, откако ги забележал униформираните полициски службеници, го запрел камионот и се побегнал кон внатрешноста на тунелот. Тој е фатен во тунелот, а во возилото се откриени 18 сириски илегални мигранти. Од страна на судија на претходна постапка на А.А. му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена, се наведува во соопштението.

Во вториот случај при вршење патролна служба во реонот на местото викано Клучка Детоил на автопатот за ГП Табановце било запрено патничко моторно возило марка „опел вектра“ со кумановски регистарски таблички управувано од пријавениот М.С.(26) од Куманово во кое биле откриени тројца илегални сириски мигранти, кој што требало за сума од 75 евра да ги пренесе до кумановско Лојане. Судија на претходна постапка на М.С. му одреди мерка притвор во траење од осум дена.

Во третиот случај во близина на селото Смоквица, на автопатот Е 75 од Гевгелија кон Скопје, сопрено е патничко возило марка „голф“ со скопски регистарски таблички, сопственост и управувано од пријавениот Е.З. (35) од Арачиново, во кое се откриени двајца илегални мигранти – еден од Авганистан и еден од Пакистан. И за пријавениот Е.З. од страна на судија на претходна постапка одредена е мерка притвор во траење од осум дена.

Би можело да ве интересира

МВР на поклон доби 23 мотоцикли „Piggio“ и комплетна опрема за возачите

МВР ќе ги информира граѓаните за новите правила при патување во ЕУ за да нема застои на премините

МВР уапси три лица барани со потерници за издржување затворски казни

ВМРО-ДПМНЕ: Панче Тошковски го суспендира командирот од Ропотово, Даница Чадиева од СДС преку Второстепена го враќа

Полицајци земале поткуп од странци, па им фингирале документи дека влегле или излегле од Македонија

(ВИДЕО) Кузеска: Скандалот во МВР со испитниот центар смрди на корупција!