Патеписот со наслов „Странците имаат најдобри бонбони“ (Strangers Have the Best Candy) ја освои Диаграм наградата која се доделува за најчуден наслов.
Книгата на Маргарет Мепс Шулте победи во конкуренција на неколку наслови како што се „Напредно истражување на плочникот“ (Advanced Pavement Research) и „Развод од права вештица: за безбожниците и луѓето кои ги сакаат“ (Divorcing a Real Witch: For Pagans and the People Used to Love Them).
Шулте, која пишува за средби со луѓето, кои се на пропатување низ Америка, објасни дека насловот на нејзината книга значи дека „странците можат да имаат подароци за нас, доколку одвоиме малку време во разговор со нив“.
Наградата Диаграм се доделува од 1978 година од страна на британското списение „Букселер“ (Bookseller).