Тепачка во Тетово, поврдени четири лица

Од:

Четири лица се здобиле со повреди по меѓусебната тепачка што вчера околу 17 часот се случила на крстосницата од булеварот „Маршал Тито“ и улицата „Јане Сандански“ во центарот на Тетово, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци од едната страна учествувале браќата А.Ш.(30) и А.Ш.(29) од Тетово и Е.С.(23) и М.И.(31) од тетовското село Џепчиште.

Четворицата меѓусебе си задале повеќе удари со тупаници и клоци, а се здобиле и исеченици бидејќи при полицискиот увид во близина на местото од тепачката бил пронајден и нож што бил подигнат за вештачење за да се утврди чиј е и кој и како го употребил во тепачката.

– Четворицата биле приведени од тетовската полиција и било разговарано со нив, а по расчистувањето на сите поединости ќе следуваат и соодветни поднесоци рече Јосифовски.

Тој информираше дека вчерашната тепачка следувала откако само еден ден претходно, во четвртокот, повозрасниот од браќата А.Ш.(30) пријавил дека М.И.(31) заедно со повеќе други лица кои биле во неколку возила го пресретнале и физички го нападнале кај бензинската пумпа во тетовската населба Дреновец.

Би можело да ве интересира

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он

Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство

Катерина Ѓуровски

Поднесена кривична пријава против припадникот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја истепа сопругата

Катерина Ѓуровски

Поднесени кривични пријави за родителите на малолетничките кои тепаа и малтретираа 13-годишно девојче

Измамнички пораки за казни од „Сејф сити“ водат до непосточека веб страница на МВР

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје