Државен натпревар по информатика за средношколци и основци

Од:

Во организација на Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ) и Агенцијата за млади и спорт на РМ (АМС), денеска, во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во Скопје, ќе се одржи 26. Државен натпревар по информатика за учениците од средните и основните училишта во Македонија.

Настанот ќе го отворат претседателот на ЗИМ Миле Јованов и директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.

На натпреварот, кој е дел од проектот „Најдобар млад програмер“, ќе учествуваат најдобрите 95 ученици од основното и средното образование, избрани од учесниците на одржаниот регионален натпревар.

Свеченото отворање на настанот ќе се одржи во амфитеатарот на Технолошко – металуршкиот факултет, со почеток од 10 часот.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март