Одбележан патрониот празник на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Од:

Универзитетот Гоце Делчев – Штип по бројот на студенти е втор по големина, а по својот квалитет се позиционира на високото второ место во Република Македонија согласно извршеното рангирање на сите универзитети, нагласи ректорот на УГД Штип, Саша Митрев, во обраќањето по повод одбележувањето на осумгодишнината од постоењето на Универзитетот.

Во присуство на претседателот на МАНУ, академик Владо Камбевски, заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев, митрополитот на Брегалничката епархија г.Иларион и бројни гости, Митрев потсети дека дека токму на 27 март 2007 година Собранието на Република Македонија го донесе Законот за основање на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

– Тој лист хартија кој претставуваше закон, всушност беше детонаторот кој ослободи огромна творечка енергија во изминатите осум години при што нашиот сон го претвори во реалност. Реалност која денес ја живеат повеќе од 20 илајди студенти, 550 редовно вработени, бројни волонтери во наставата и во администрацијата и повеќе од 250 договорно ангажирани наставници, соработници и стручњаци од праксата, како од нашата земја, така и од странство, рече Митрев.

Заменик министерот за образование Ристовски истакна дека во изминатите осум години Штипскиот универзитет останува доследен на својата мисија да создаде и пренесува знаење со цел да обезбеди социјална и економска благосостојба и напредок на општеството, а преку студиските програми да промовира и развива научни дисциплини во согласност со потребите на државата и регионот.

– Денес Универзитетот „Гоце Делчев“ нуди околу 300 студиски програми во трите циклуси на студии и работи со речиси со 20 илјади студенти. Овие бројки зборуваат за растот во квантитет и разноликоста на која ја нуди Универзитетот, а за докажаниот квалитет зборува високото рангирање на второто место, при последното национално рангирањње на високообразовните институции во земјава, спроведено од Центарот за светска класа универзитети при Шангајскиот Џиао Тонг универзитет од Народна Репбулика Кина, рече Ристовски.

Тој ја потенцираше и отвореноста за соработка со други образовни и научни институции во земјава и во странство што овој универзитет ја реализира во рамки на меѓународните универзитетски асоцијации мрежи и со билатерални договори, како и отвореноста за соработка со македонското стопанство, како една од главните компоненти на континуираниот напредок.

– Во тој контекс особено ја поздравувам проактивноста на раководниот кадар на научно истражувачките лаборатории кои се инсталирани во рамите на Универзитетот во промоцијата на соработката помеѓу академската и бизнис заеднциата, која се реализираше во соработка со Министерството за образоване и наука, рече Ристовски.

По повод одбележувањето на патрониот празник на штипскиот Универзитет ректорот Митрев на претседателот на МАНУ, Камбовски му додели плакета за особен придонес во афирмацијата и долгорочната соработка меѓу двете институции.

На свеченоста воедно беа промовирани и почесни професори, потоа професор Емиритус, а исто така беа доделени признанија на вработените.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март