Американците планирале да градат летачки чинии

Од:

Националниот архив на СAД неодамна објави никогаш претходно видени шеми и детаљи од воен проект од 50-те години под името „Проект 1794“, што за цел имал изградба на суперсонична летачка чинија.

Овој материјал, од кој од неодамна е тргната ознаката „строго доверливо“, покажува дека воздухопловните сили на САД со една канадска компанијата, која повеќе не постои, имале договор за изградба на летачки чинии што нема да изгледаат на ништо дотогаш видено.

Ако овие планови биле спроведени на дело, би била создадена летачка чинија, која би можела вертикално да полетува и да слетува, додека за нејзина контрола и стабилизирање би биле користени млазни мотори. Според документите, проектот се развивал многу добро, а оттаму не е јасно зошто бил напуштен.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски