Јапонската воена морнарица ја прими испораката од најголемиот воен брод уште од Втората светска војна, со цел да продолжи со развој на воените способности. Ова е сосема нова фаза во историјата на Јапонија и повоениот период, кој го одбележа пацифизмот.
Носачот на хеликоптерот Изумо и е доставен на морнарицата како најголемо достигнување и признание на националните воени сили. Екипажот од 470 морнари е сосема доволен доказ дека е во прашање ширење на способноста и делување надвор од државата.
Воениот брод кој што е долг 248 метри има официјална потврда која што и овозможува на Јапонија да се задржи во границите на уставна забрана за поседување средства за војување.
Причината за тоа е што носачите на летала, поради моќта за применување сили, спаѓаат во офанзивно оружје.
Јапонскиот министер за одбрана, генерал Накатани истакна дека екипажот може да послужи во широк спектар на улоги, како што се мировните операции, но и во рамки на меѓународна помош во случај на несреќа.
Тој наведе дека овој брод има и можност да се бори против подморници и дека ќе пренесува хеликоптери разорувачи.
Е. Г.