Италијанската полиција соопшти дека во Албанија е откриен камп каде што се обучувале џихадисти и дека се приведени двајца Албанци и еден италијански државјанин со мароканско потекло.
Како што пренесе „Анса“ тие регрутирале борци за Исламска држава на подрачјето на Балкан, поради што италијанските власти им ги заплениле мобилните телефони и таблети, по што дошле до важни информации и снимки.
Министерот за внатрешни работи на Италија, Анѓелино Алфано соопшти дека апсењето на тројцата исламисти значи дека системот за превенција функционира.
На снимката меѓу другото се гледаат и детали од обука како и борба со ножеви.
Е.Г.