Уапсени двајца албански пратеници поради лажни обвиненија

Од:

Албанската полиција вчера ги уаспи пратениците Том Доши од Социјалистичката партија и Марк Фроку од Демохристијанската партија, која е дел од владината коалиција, јави дописникот на МИА од Тирана.

Пратеникот Доши бил уаспен во неговиот дом, додека Фроку во угоститеслки објект сопственост на неговата фамилија. Во полициската акција за нивно апсење биле вклучени и припадниците на специјалната единица „Шќипоња“.

Тие се уаспени веднаш по изгласаната одлука од страна на Парламетот за одземање на нивниот пратенички имунитет, со што беше дадено зелено светло за кривично гонење на пратениците, нивно апсење и претрес на нивните домови.

За одземање на пратеничкио имунитет на Доши гласале 80 пратеници, додека за одземање на имунитетот на Фроку гласале 79 пратеници и еден „воздржан“. Пред гласањето опозициските пратеници, освен Месила Додада ја напуштија собраниската сала.

Доши и Фроку го обвинија првиот парламентарец Илир Мета, дека нарачал платени убијци за нивна ликвидација. По обвинувањата, Обвинителството спроведе истрага и заклучи дека обвинувањата се лажни и побара од Парламентот да им се одземе имунитетот за да може да покрене обвинение за измама и клевета, што беше направено денеска.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски