Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива по влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 100 метри има на планинските премини Стража, Буково и Плетвар, а на планинскиот премин Ѓавато видливоста е до 50 метри, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
На патниот правец Р2232 Кочани – Злетово, кај село Киселица собраќајот се одвива со ограничена брзина од 30км/ч поради слегнување на коловозот во должина од 50 метри.
Во општина Крива Паланка непрооден е патниот правец село Дурачка река – село Дренак во должина од 7 км.
На регионалниот пат Куманово – Кратово кај излезот на село Железница има попуштеност на асфалт во должина од 10 м и поставени се знаци за предупредување.
На патниот правец Р1205 Крупиште – Пробиштип кај село Неокази сообраќајот се одвива со ограничена брзина од 20км/ч. поради слегнување на коловозот во должина од 20 метри.
На патниот правец Лакавица – Неготино на 7км. над село Лесковица има пропаѓање на патот во должина од 200 метри, на кој е извршена санација.
На местата каде што сообраќајот се одвива забавено е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Трaботивиште – Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на река Брегалница.
Забранет е сообраќај за тешки товарни возила над 7,5 т. и автобуси на патен правец Р2136 Ржаничино – Долно Коњаре поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.