ИКТ секторот се вклучува во Проектот за таблети за студенти

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски заедно со претставници на ИКТ Комората при Сојузот на стопански комори ќе одржи прес-конференција за проектот за доделување таблети за студенти. 

Според Законот за издавање вредносни бонови-ваучери што го донесе Собранието на Република Македонија, ваучери во износ од по 8.000 денари за обезбедување таблет компјутери со надворешна тастатура ќе им се дадат на редовни студенти кои првпат се запишани во трета и четврта година, а се од семејства со месечни приходи до 32.741 денари бруто приход,  како и на студенти евидентирани како лица со посебни потреби запишани во која било година на студии.

За спроведување на Законот се потребни 96 милиони денари обезбедени од Буџетот на Министерството за информатичко општество и администрација.

Ваучерите се со еднократна употреба, како учество за купување таблет компјутер од фирми регистрирани за дејности поврзани со трговија, одржување и поправка на компјутери. Фирмите можат да ги достават ваучерите за наплата до Министерството за информатичко општество и администрација најдоцна до 5 јули годинава. Половина од износот на парите за искористените ваучери МИОА треба да ги исплати најдоцна до крајот на годинава, а останатата половина до 31 јануари следната година.

Во рамки на проектот „Македонија – земја на информатичари“ во 2007, 2008 и 2012 година беше спроведена Програма за доделување на вредносни бонови – ваучери за купување компјутери. Во трите години беа искористени 28.319 ваучери за купување компјутери и таблети за што беа потрошени 398.267.000 денари.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март