А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Греувски: Наша задача е да вложуваме во нови повисоки стандарди во политиката

by А1он07/10/2012 - 18:5107/10/2012 - 19:08277
Share0

Наша задача и обврска е постојано да вложуваме во воспоставување нови повисоки стандарди во политиката.

Добивај вести на вибер

ВМРО-ДПМНЕ е лидер на таквите трендови во Македонија, истакна премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во обраќањето пред учесниците на четвртото издание на политичката академија „Павел Шатев“ што заврши денеска во Скопје.

Веќе долги години, посочи, во соработка со Институтот Павел Шатев и со фондациите Конрад Аденауер и Едуардо Фрај ВМРО-ДПМНЕ спроведува врвна обука на сите кадри, а пред се на младите кои имаат амбиции професионално да се занимаваат со политика и да се здобијат со теоретски и практични знаења за политиката и политичката култура.

Пред повеќе од 200 слушатели на политичката академија, Груевски порача дека на политичките школи, академии и факултетите може да се научат многу работи, но оти вистинскиот тест е кога ќе добијат шанса во пракса да спроведуваат политики. – Тоа е вистинскиот тест не само за тоа колку е научено теоретски, туку и за тоа за каков човек станува збор, колку е искрен и подготвен да направи нешто за своите граѓани и нешто позитивно за својата земја, нагласи Груевски.

Тука, појасни, може да се издифиренцираат два типа луѓе, оние кои работат многу, прават се што е во нивна моќ да ја постигнат целта и се креативни, и оние политичари кои функцијата ја гледаат како цел до која требало да дојдат.

Според Груевски, идните носители на функции треба да знаат дека на политичката зрелост мора да и претходи животната и оти треба да се работи совесно и да се внимава на личното однесување.

ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, е со постојани напори и заложби образованието и постојаната едукација да се задржат на врвот на општествените приоритети. Убедени сме и цврсто веруваме дека една од најсигурните и најисплатливите инвестиции за иднината на секоја партија, истовремено и на секоја земја е постојаната потрага по нови знаења, наведе Груевски.

Квалитетната политичка комуникација, порача, се остварува единствено со високо ниво на политичка култура и образование. Нејзиното стекнување е долготраен процес во кој се вклучени многу фактори, почнувајќи од домашното воспитување, образованието, социјализиацијата, но и добри примери од околината.

Според Груевски, добриот политичар значи принципиелен и искрен однос кон електоратот и граѓаните, принципиелен и искрен однос меѓу партиите, а особено кон коалициските партнери, почитување на политичкиот неистомисленик, разбирлив политички јазик, добри политички манири и повисоки стандарди во политичкото работење.

– Добрите карактеристики на политичката дебата и комуникација во земјата демистифицираат голем број прашања и проблеми со кои се соочува нашата држава и даваат можност за вистински пристап и насоченост кон нејзиното решавање. Со тоа се придонесува и за правилна перцепција на јавноста во однос на прашањата кои се од национален интерес на нашата држава, рече Груевски во обраќањето пред учесниците на Политичката академија „Павел Шатев“.

premiervlada

Би можело да ве интересира

Владата го раскина договорот за концесија на каменоломот во Страчинци

Горан Наумовски07/10/2025 - 15:53

Францускиот премиер поднесе оставка

Горан Наумовски06/10/2025 - 10:17

Владата на САД е блокирана за прв пат по речиси седум години

Горан Наумовски01/10/2025 - 07:1601/10/2025 - 07:18

Владата уште еднаш ја потврди својата дискриминаторска политика кон Албанците, велат од ДУИ

Горан Наумовски24/09/2025 - 10:5724/09/2025 - 11:13

СДСМ: Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

Горан Наумовски24/09/2025 - 10:0224/09/2025 - 11:14

Владата одлучи: Се забранува за движење на територија на депонијата „Вардариште”

Горан Наумовски11/09/2025 - 16:2111/09/2025 - 16:27
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен