ДОМ во поглед на изборниот модел со една изборна единица, предлага Изборниот законик да се промени и со одредба за 50 проценти жени и мажи на листите.
– Ова е главна поента на кампањата на Форумот на жени на ДОМ, започната на 8. март годинава. Истовремено, ова е и заложба на Обединетите нации, како препорака до сите земји, за да се постигне родова рамноправност, се вели во денешното соопштение од ДОМ.
Што се однесува до моделот на една изборна единица, според ДОМ, тоа значи поправедна распределба на пратеничките места на повеќе политички субјекти, без изгубени гласови.
– Тоа води до пошаренолика политичка сцена и намалување на длабокиот јаз помеѓу двете најголеми опции. Владите што би се формирале би биле похетерогени, со поголема демократичност, толеранција и слух за потребите на различни општествени групи,стои во соопштението.
Во соопштението од ДОМ посочуваат дека отворените листи значат слобода на избор на граѓаните при гласањето, зашто ќе се цени и личноста, а не само партијата.