А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Кривична пријава за скопјанец за неовластено навлегување во компјутерски систем

by А1он26/03/2015 - 12:17156
Share0

Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика при Централните полициски служби во Биро за јавна безбедност при МВР до Основното јавно обвинителство на Скопје поднесе кривична пријава против лицето А.Т. (44) од Скопје, за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Добивај вести на вибер

Во текот на јуни минатата година, соопшти денеска МВР, А.Т. неовластено навлегол со администраторски корисник во компјутерски систем – компјутерска серверска единица „WIN-KLS5VM0LT8C“ во сопственост на компанијата „Некстсенс ДОО“ од Скопје на која била хостирана Интернет страницата www.exploringmacedonia.com и потоа здобивајќи се со администраторски привилегии извршил промена на официјалната содржина од веб страницата, односно неовластено поставување нови датотеки со што компјутерскиот податок го направил неупотреблив и некорисен.

Од доставените логови за сите извршени неовластени најавувања до хост – серверот, се појаснува во соопштението, извршена е нивна анализа каде се утврдени ИП адреси од кои што е пристапувано со време и датум, и со понатамошна истрага утврден е корисникот – лицето А.Т., воедно и сторителот за гореспоменатото кривично дело.

Во врска со ова, извршен е претрес во домот и просториите на пријавениот каде се пронајдени компјутерите преку кои А.Т. извршил неовластено пристапување на компјутерскиот сервер во сопственост на  „Некстсенс ДОО“, Скопје. Поради обезбедување на податоци и дигитални докази извршена е анализа и вештачење врз одземената компјутерска опрема пронајдена при претресот.

Со примена на  специјални стандардизирани информатичко – форензички постапки и со користење на специјални лиценцирани форензички софтвер, реконструирани се поголем број на избришани фрагменти на пристапувани ИП адреси, URL–патеки од Интернет пребарувачите Google Chrome и Mozila Firefox, и дигитални фотографии.

Од пронајдените елементи на Интернет пристап, односно пристапувани ИП адреси и виртуелни мемориски медиуми, стои во соопштението од МВР, може да се констатира дека споредени со анализираните логови и прикачените датотеки во критичната дата и време од оштетениот хост сервер, дека се исти согласно ИП адреси, URL патеки и датотеки кои се добиени од вештачењето на привремено одземената компјутерска опрема од А.Т., при што е констатирано дека пријавениот неовластено пристапувал кон серверот. Притоа користејќи администраторска сметка за најавување на серверската компјутерска единица, како краен дел за пристап од содржините прикачени на наведениот компјутерски систем си овозможил и извршил неовластено навлегување, променување и оштетување на компјутерските податоци – дигитални содржини на Интернет страница хостирана на серверот, а со тоа направил отежнување и нормално функционирање на комјутерскиот систем – хост серверот како и содржините во истиот.

mvr

Би можело да ве интересира

МВР на поклон доби 23 мотоцикли „Piggio“ и комплетна опрема за возачите

Горан Наумовски10/09/2025 - 11:29

МВР ќе ги информира граѓаните за новите правила при патување во ЕУ за да нема застои на премините

Катерина Ѓуровски09/09/2025 - 11:11

МВР уапси три лица барани со потерници за издржување затворски казни

Горан Наумовски03/09/2025 - 11:52

ВМРО-ДПМНЕ: Панче Тошковски го суспендира командирот од Ропотово, Даница Чадиева од СДС преку Второстепена го враќа

Предраг Петровиќ21/08/2025 - 16:10

Полицајци земале поткуп од странци, па им фингирале документи дека влегле или излегле од Македонија

Горан Наумовски21/08/2025 - 10:24

(ВИДЕО) Кузеска: Скандалот во МВР со испитниот центар смрди на корупција!

Горан Наумовски20/08/2025 - 12:02
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен