„Образованието на турски наставен јазик е Уставно загарантирано право на припадниците од турската заедница во Р. Македонија. Покрај законските регулативи со кои се гарантира оваа право обраозванието на турски наставен јазик со години се соочува со голем број на проблеми кои се занемаруваат и никако не се решаваат.
Последен пример од кој може да се види во каква хаотична состојба се наоѓа образованието на турски наставен јазик се учениците од село Држилово, Општина Сопиште каде 27 ученици се оставени без наставник од Септември 2014 година. Можеме да претпоставиме со какви потешкотии се соочувал наставникот кој предавал во 4 одделенија, затоа родителите од централното училиште, општината и Министерството за образование и наука побарале да биде ангажиран уште еден наставник, кое барање е законски основано бидејќи со Законот за основното образование со 25 ученици и повеќе треба да се ангажира уште еден наставник“, велат од Партија за движење на Турците во Р. Македонија (ТХП).
„Нашите сограѓани од оваа село со месеци се заборавени од Министерството за образование и наука и ја бојкотираат ваквата состојба, уште потрагично е тоа што доколку овој проблем не биде решен за една недела учениците во тековната учебна година нема да добијат свидетелства.
Власта која за еден ученик има вработено и ангажирано наставници, воопшто не е заинтересирана за 27 ученици припадници на турската заедница и за проблемите на образованието на турски јазик. Министерството за образование и наука и Општината кои се незаинтересирани за овој проблем ги повикуваме во најкраток можен рок да ги превземат потребните мерки и да го решат проблемот, во спротивно Партијата за движење на Турците (ТХП) ќе ги направи сите потребни чекори и проблемот ќе го слушне пошироката јавност не само во земјата туку и во светот, пишува во соопштението на Партија за движење на Турците во Р. Македонија (ТХП).