„Гласот на виолончелото“ концерт на битолскиот камерен оркестар и солистот Станковиќ

Од:

Националната установа Центар за култура-Битола со поддршка на Министерството за култура в сабота организира концерт на битолскиот камерен оркестар чиј специјален гостин ќе биде виолончелистот од Србија, Немања Станковиќ.

Директорот на битолскиот Центар за култура Борче Димитровски вели дека првиот квартал од годината ќе биде заокружен на најдобар начин, со спектакуларен концерт со наслов „Гласот на виолончелото“.

– Битолскиот камерен оркестар концертната сезона ја продолжува со еден исклучителен настан кој ќе биде оваа сабота во големата сала на НУ Центар за култура. Гостувањето на светски познатиот виолочелист од Србија Немања Станковиќ воедно претставува потврда за квалитетот на битолскиот камерен оркестар кој работи под патронство на нашата национална установа, посочи Димитровски.

Виолончелистот Немања Станковиќ е член на белградската филхармонија, добитник е на бројни меѓународни признанија и награди, својот прв аудио материјал на компакт-диск го промовирал во 2007 година за што поддршка добил од автомобилскиот гигант АУДИ, а освен во Србија, концерти одржал во Франција, Австрија, Словенија, Хрватска, Италија, Шведска и други држави. За богата автобиографија на Станковиќ се врзуваат и учествата на мајсторски курсеви кај реномирани уметници како што се Јанс Петер Мајнц, Мајкл Штраус,  Моника Лесковар, …а свирел и со младинскиот оркестар на Европската Унија, оркестарот на Музичка младина во Скопје, Симфониски оркестар на РТС и други.

На концертот „Гласот на виолончелото“ битолскиот камерен оркестар и солистот Немања Станковиќ, под диригентската палка на Ле Фи Фи ќе изведат дела од Вивалди, Елгар, Чајковски, Хачатурјан и Барток.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска