Вработението во „Еурокомпозит“ бараат средба со владини претставници

Од:

Претседателот на синдикалната организација на прилепски „Еурокомпозит“ Трајче Стојаноски на денешната прес-конференција побара средба со владини претставници, на која ќе ги образложат проблемите со кои се соочува оваа компанија.

– Бараме средба со премиерот Никола Груевски и со неговиот тим за да ги образложиме проблемите, за да се побара решение што ќе биде од корист за сите. „Еурокомпозит“ е државна фирма и е еден од четирите загубари кој е со нерешен статус. Имаме неплатено за пензиско и здравствено осигурување од шести месец 2012 година. Просечната старост на вработените е 56 години. За лекување во градската болница се издаваат некакви потврди, но за потешки зафати, се лекуваме приватно. Не се исплатени девет плати, од кои 6 плати од 2012 и 2013. Платена е цела 2014, но од јануари нема исплата. Вчера беше доисплатена платата за декември 2014 година. Бараме повторно средба за да дојдеме до решение, изјави Стојаноски.

Основната синдикална организација, посочи тој, има свои предлози за да се надмине ситуацијата и доколку може да бидат вклопени во некои од владините мерки.

– Се надеваме дека Министерствата за одбрана и за внатрешни работи ќе  овозможат да работиме за нивните потреби за оваа година да имаме обврски. Предлагаме и ја молиме владата и нас, вработените, околу 300 од „Еурокомпозит“ да не вклопат во мерките, да ни ги плаќаат придонесите до пензионирање. Да се исплатат заостанатите придонеси и да има социјален пакет за вишокот вработени, како што се случи за 60-ина вработени во 2013 година. Сега би се пријавиле 150 до 200 вработени со што ќе се растовари фирмата од превработеноста. Потоа предлагаме и продажба на компанијата, вели Стојаноски.

Според Лазар Ангелески, претседател на Регионалниот синдикален совет во Прилеп со добра волја може да се најде решение.

–  Крајно време е да се изнајде решение. Ова е државна фирма и затоа се обраќаме до владата. Мислам дека за околу 300 вработени во „Еурокомпозит“ и за 200 од загубарот „Емо“ со добра волја може да се најде решение со социјални пакети, а потоа и со одлука да се регулираат придонесите. Единствени работници во Македонија се што немаат здравствено осигурување, изјави Ангелески. 

Би можело да ве интересира

Уплатени 1, 7 милиони евра за заостанатите придонеси на работниците од „Еурокомпозит“

Ана Ололовска

Протест на поранешни вработени во „Еурокомпозит“, бараат исплата на придонесите за 6,5 години

Ана Ололовска

Работниците од „Еурокомпозит“ бараат да им се платат заостанатите придонеси и најавуваат протести

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Чулев: Кривична пријава против директорот на „Еурокомпозит“, Златко Гроароски, за злоупотреба на службената положба

Ана Ололовска

Вработените во Еурокомпозит протестираат и прашуваат зошто ги нема во владините мерки за помош

Ана Ололовска

Вработените во „Еурокомпозит“ бараат Владата да каже дали има мерки за нив

Ана Ололовска