Заврши заложничката криза во банката во Турција

Од:

Мажот вооружен со пиштол, кој синоќа како заложници задржа седуммина банкарски службеници во една банка во источниот турски град Ван, утрово и се предаде на полицијата.

Како што јави Фена, по деветчасовни преговори, напаѓачот, идентификуван како Вејсел Ј., решил да и се предаде на полицијата, по што е приведен.

Во текот на вечерта напаѓачот ослободи тројца од заложниците, меѓу кои и една бремена жена.

Во текот на преговорите со полицијата Вејсел Ј. за ослободување на заложниците побарал да му бидат исплатени 500.000 турски лири (околу 195.000 американски долари) и да му биде обезбеден хеликоптер за бегство.

Тој рекол дека парите му се потребни за да ги врати долговите што ги направил за лекување на неговиот татко, кој подоцна починал.

Претходно, гувернерот на Ван, Ибрахим Ташјапан изјави дека напаѓачот се решил на ваков чин, затоа што му биле потребни пари за лекување на неговото болно дете.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ