ДОМ го поздравува дијалогот власт – опозиција почнат во Брисел

Од:

ДОМ преку соопштение го поздрави, како што наведува, неформалниот почеток на дијалог помеѓу власта и опозицијата во рамките на Конференцијата во Брисел.

– ДОМ инсистира на дијалогот, верувајќи дека Македонија има демократски капацитет за излез од кризата. Порано или подоцна, сите избрани пратеници треба да се сретнат во Парламентот, зашто само таму може да се изгласаат измени на Изборниот законик и на други закони, што се однесуваат на текот на изборите и избирачкиот список. Конечно, само Парламентот може да го распушти овој состав и да распише избори, се вели во соопштението.

Од партијата, воедно го повторуваат ставот дека разврската на политичката криза треба да биде институционална, преку паралелни судски и политички процеси според договорен редослед.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата