Министерството за образование соопшти дека до крајот на ноември ќе завршат градежните работи на новото училиште „Страшо Пинџур“ во Вевчани и дека учениците ќе се вселат во новиот објект, кој ќе содржи 11 кабинети и две училници.
Вкупната корисна површина на училиштето е 2.450 метри квадратни. Во подрумот се сместени простории за исхрана, работилници за општо-техничко образование и помошни простории, во приземниот дел се кабинетите, училниците и аулата, додека на спратот има кабинети, библиотека, тераса, простории за фолклорна и за ликовна секција.
Објектот е проектиран во амбиентален стил, кој во целост се вклопува во околината. Вкупната вредност е 61 милион денари.