Сребро за Македонија на светски балетски натпревар во Романија

Од:

Македонија доби сребро на светскиот балетски натпревар што се одржа во Романија од 19 до 21 март. Ја претставија ученички од основното и средното балетско училиште кои се натпреваруваа заедно со над 200 учесници од целиот свет.

На натпреварот, на кој Македонија првпат е присутна, учествуваа ученици и професионални играчи од девет до 26 години поделени во четири категории од Јапонија, Кореа, Австралија, Велика Британија, Франција, Шпанија, Шведска, Полска, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Романија.

Меѓу учесниците беа и две ученички од основното и една од средното балетско училишите ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ од Скопје од класата на проф. Соња Здравкова Џепароска.

Најзабележителен успех, кој е воедно и највисок  пласман во историјата на досегашните учества на големите, светски референтни професионални балетски натпревари забележа 13-годишната Стефанија Гаштарска, која доби сребрен медал.

Гаштарска беше поканета од американските организатори да учествува на балетскиот натпревар во Орландо, САД.

Во пред-професионалната група, која вклучуваше учесници од 14-17 години, со учество на 46 кандидати македонските претставнички Виолета Карајанова и Мартина Димовска се пласираа високо во однос на рангираните кандидати, што е исклучителен успех со оглед на бројот на учесници и нивниот квалитет.

Натпреварот го оценуваше жири составенo од реномирани балетски уметници и уметнички директори на балетски компании од Русија, Куба, САД, Порторико, Германија, Кореа, ЈАР, Србија, Хрватска и Романија.

Би можело да ве интересира

Двојна изведба на балетската претстава „Заспаната убавица“ од П. И. Чајковски

На Денот на шегата и маските уште две претстави на „Петар Пан“

Ана Ололовска

Балетската претстава „Жизел“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Изведба на оперската претстава „Боеми“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Изведба на балетската претстава „Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус

Ана Ололовска

Националната опера и балет со балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон” во Пловдив

Ана Ололовска