Стого чувана тајна: Американците сакале да создадат флота на летечки чинии

Од:

Вонземјаните, официјално засега не постојат, меѓутоа летечки чинии по се изгледа постојат. Националниот архив на САД неодамна објави шематски приказ и детали на воениот проект од педесеттите години, под името „Проект 1794“, кој имал за цел да се изградат суперсонични летечки чинии.

Овој материјал од кој неодамна е тргната назнаката “строго доверливо“ покажува дека воздухопловството на САД со една канадска компанија која повеќе не постои дека имале договор за изградба на летало кое не личи на никое претходно видено. „Проект 1794“ притоа поминал низ фазата на развој и стигнал до изградба на прототип.

Во меморандумот од 1956. година се сублимираат резултатите од тестирањето на прототипот и се открива на што се надевале инженерите да постигнат со овој проект. Во документот се наведува дека летечката чинија требало да лета на висина поголема од 30.000 метри со максимален долет од 1000. наутички милји.

Ако се оствареле овие планови, би била создадена летечка чинија способна за вертикално полетување и слетување, додека за нејзината контрола би биле користени мотори на млазен погон.

Долетот од 1.000 наутички милји делува ограничено во споредба со другите спецификации-меѓутоа со овој необичен диск од Њујорк до Мајами би се стигнувало за само 24 минути.

Цената на прототипот се проценува на 26, 6 милиони долари, што за денешни услови и не некоја голема сума за ваков проект. Овој прокет бил напуштен од непознати причини, меѓутоа останатите летечки чинии во рамките на истиот проект имале многу јасен проблем-не можеле да достигнат висина од 30.000 метри, туку летале максимално од 1.500 до 2.000 метри.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски