Промоција на шестиот том од „Толковниот речник на македонскиот јазик“

Од:

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска ќе се обрати на промоцијата на шестиот том од „Толковниот речник на македонскиот јазик“.

Промотори на публикацијата се проф. д-р Димитар Пандев,  проф. д-р Људмил Спасов и проф. д-р Марко Самарџија од Универзитетот во Загреб .

По обемната ексцерпција и оформената картотека, од 2003 до 2014 година се објавија шест тома на Толковниот речник на македонскиот јазик под редакција на проф. д-р Кирил Конески, проф. д-р Живко Цветковски и проф. д-р Снежана Велковска (раководител на проектот).

Како автори се јавуваат 20 лингвисти-македонисти, повеќето од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, а дел се од сродни образовно-научни институции. Советот на Институтот за македонски јазик и група еминентни професори од Катедрата за македонски јазик при Филолошкиот факултет одвоено го пријавија Толковниот речник на македонскиот јазик за наградата „Гоце Делчев“ за 2015 година. Поддршка за наградата дадоа Институтот за македонска литература и група професори од Педагошкиот факултет.

Печатењето на речникот е финансирано од Министерството за култура на Република Македонија. 

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска